На вчерашен ден, 20-ти ноември во 2013-та година порталот Вистина, стартуваше со работа и со самиот чекор македонското информативно небо се здоби со нов информативно-забавен медиум кој и после 10 години редовно и професионално ги известува своите читатели.
Ние од музичкиот портал Музика24, безрезервно и секогаш со комплетна поддршка за нашите колеги, им го честитаме јубилејот и воедно роденден 10 години од постоењето на интернет порталот Вистина.ком.мк.
Како и досега, така и во иднина, на нашите колеги им посакуваме пред се многу здравје и успех во она што го работат, а потоа и многу ексклузивни информации, читаност и многу кликови.
Среќен роденден 10-ти роденден Вистина.ком.мк!