Магазин

Iron man се враќа на големото платно

Откако ликот на Тони Старк беше убиен со тоа што се жртвуваше себеси за да го спаси целиот универзум, компанијата Марвел соопшти дека ќе го видиме Ајронмен уште еднаш на големото платно. Во најголемиот и најскапиот филм на Марвел, Тони Старк го загуби животот и луѓето се збогуваа со јунакот. Актерот Роберт Дауни Јуниор изјави дека е пресреќен што може да го игра овој популарен херој 10 години и дека ова искуство никогаш нема да се избрише од неговото сеќавање.

Сепак, сега пристигна вест дека Дауни Јуниор повторно ќе се врати како Ајронмен.

Станува збор за филмот “Црна вдовица”, кој премиерно ќе се претстави во 2020 година. Филмот ќе ја следи приказната што се случува веднаш по филмот “Капетан Америка: Граѓанска војна” и ќе се фокусира само на Наташа Романов, односно Црната вдовица. Бидејќи Тони Старк е жив во овој период, тој ќе се појави во овој нов филм, како и повеќето други херои, па не очекува возбудлив филм кој уште еднаш ќе ги покаже хероите што ги нема.

Можеби ќе ве интересира: