Магазин

Исламовиќ открива: Моето вистинско име не е Ален

Кога “Дивје Јагоде” станаа познати, членовите на бендот побарале од Исламовиќ да си го смени името, затоа што неговото не му било доволно звучно. Всушност, неговото вистинско име е Алија. Нема ништо чудно во тоа, бидејќи многу светски ѕвезди избираат друго име со кое се претставуваат во јавноста. Повеќето членови се сложиле тој за јавноста да се вика Ален, со образложување дека тоа име подобро звучи и дека така ќе достигне поголема популарност помеѓу публиката.

“Тој не сакаше многу да го промени името, но брзо попушти и го послуша советот на другите. Денес речиси никој не знае дека Ален се вика Алија”, изјавил извор близок до пејачот.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: