Магазин

Иван С. Мирчевски: Канал 5 ќе отвора нова телевизија

Неодамна во подкастот „Chatal Stories“, во неговата 9-та епизода гостин беше познатиот и не многу омилен кај останатите конкурентски медиуми, Директорот на Канал 5 телевизија Иван Мирчевски.

Тој освен за тоа како дошол да биде Директор во Канал 5 каде моментално е 13-та година, моменталната ситуација во медиумите и секојдневното функционирање во неговата матична телевизија, меѓудругото откри дека Канал 5 телевизија на големо работи и се подготвува за новиот визуелен изглед на студиото за утринската емисија кое веќе од 25-ти септември гледачите ќе имаат можност да го видат, а и концептуално утринската програма ќе се разликува од се она што било и може да се види на останатите македонски телевизии, како што вели тој – утринската ќе биде од 9 до 11 часот со прозападен, но балкански шмек.

Освен тоа, Мирчевски откри дека работи и на еден нов проект:

„Работам и на еден друг проект кој ќе биде исто така иновативен, каде што ќе имаме втора телевизија. Ќе имаме Канал5 двојка или не знам… која што ќе биде алтернативна телевизија и каде што се она што не ќе можеме да го емитуваме на првиот канал или е за млади само ќе се пресвичат на интересен начин… Знаеме младите што сакаат да гледаат, ќе се пресвичат на тој втор канал и ќе си гледаат. Ќе биде малку и интерактивна… Тоа е она ново што го правиме и го работиме сега“, изјави Иван С. Мирчевски за подкастот „Chatal Stories“.

Можеби ќе ве интересира: