Магазин

Како настанала песната „Ѓурѓовден“ и кому е посветена?! (Видео)

Песната „Ѓурѓовден“ остави длабока трага кај народот и нема човек што никогаш не ја слушнал. Сепак, малкумина знаат дека постојат две верзии за тоа како е создадена оваа легендарна песна.

Првата верзија вели дека песната „Ѓурѓовден“ е напишана додека Србите од Сараево биле носени во логорот Јасеновац за време на Втората светска војна, додека втората верзија е поврзана со Горан Бреговиќ. Познатата песна „Ѓурѓовден“ е напишана во „возот на смртта“, кој патувал од Сараево до Јасеновац, сведочи професорот Жарко Видовиќ, историчар на уметност од Сараево, кој во 1942 година бил во злогласниот концентрационен логор. Според него, на пат кон казаматот, на 6 мај 1942 година, приведените во вагони без храна и вода почнале да запаѓаат во кризи поради страв и неизвесност, пишува Дневни аваз.

Во општиот хаос, еден од нив, за кој се тврди дека бил член на сараевската „Слога“, од гордост и инает, првпат запеал:

„Пролет слетува на моето рамо, момина солза зеленее, на сите освен мене – Ѓурѓовден е!“.

Поради оваа песна затворениците останале без воздух, стуткани затоа што им ги затвориле прозорците на вагоните. Од 3.000 кои го напуштиле Сараево, 2.000 пристигнале во Јасеновац, а 200 на крајот од војната ја преживеале тортурата.

Меѓутоа, втората верзија е сосема поинаква.

Во 1988 година познатиот режисер Емир Кустурица го снима филмот „Дом за бесење“ кој во тоа време предизвика големо внимание во јавноста. За потребите на филмот го ангажирал Горан Бреговиќ, кој во тоа време бил на врвот на својата популарност, да компонира музика за филмот. Овој проект го означува почетокот на нивната соработка, која ќе продолжи и во наредните години, а легендарниот музичар за прв пат прави музика за филм.

„Песната е направена за филмот на Емир Кустурица „Дом за бесење“, а потоа ја направив и препев за плочата на „Бијело Дугме“, како мала љубовна песна, всушност како мала почит на Ѓорѓе Балашевиќ“, открил во една прилика Бреговиќ.

Една од најзабележливите изведби на оваа песна е и изведбата на нашиот Тоше Проески:

Можеби ќе ве интересира: