Магазин

Кои се најбогатите светски хип-хоп изведувачи

На сите нам познато ни е колку светски познатите музички ѕвезди заработуваат во текот на една година. Но, овој пат Forbes ни ја претставува годишната листа на сите оние хип-хоп изведувачи кои најмногу заработиле. Тие освен од музиката, имаат заработувано и од многу други ситни работи (маички, чаши, дуксери, патики…). Хип-хоп изведувачите во денешно време заработуваат големи суми и тоа не само од музиката која ја прават. Ја направи годишната листа на која ги претстави оние кои заработиле најмногу и според податоците Шон Комбс, односно Паф Деди се наоѓа на врвот.

Според оваа официјална листа, Паф Дади има богатство кое се проценува на 700 милиони долари, а замислете, богатството не се должи и никаква врска со музиката, односно, истото главно се должи на други бизниси. Да напоменеме дека овој познат светки рапер има сопствена вотка чија продажба оди одлично, а исто така има своја линија на облека и инвестиција во кабловската телевизија Revolt. Со 550 милиони долари, веднаш зад него се наоѓа Доктор Дре кој исто така своето богатство го стекнал од бизниси кои немаат никаква допирна точка со музиката. Колку за информација, Доктор Дре изминатата година се стекнал со одлична заработка од продажбата на слушалките Beats by Dre

А како трет пак на оваа листа се наоѓа Џеј Зи чие богатство се проценува на 520 милиони долари. И овој рапер може да се пофали со приходи кои не се поврзани со музиката, но има одредено влијание. Тој моментално е во спортскиот бизнис, односно, преку компанијата Roc Nation Sports менаџира кариери на спортисти.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: