Магазин

Кој ќе го наследи имотот на Елвис Присли?! (Видео)

Познатиот имот на Елвис Присли во Грејсленд во Мемфис ќе го наследат неговите три внуки по смртта на Лиса Мари Присли, единствената ќерка на „Кралот на рокенролот“.

Нејзините три ќерки Рајли, Харпер и Финли ќе станат наследнички на овој имот, а нивниот претставник потврдил дека Лиса Мари ќе биде погребана во Грејсленд, покрај нејзиниот син Бенџамин, кој се самоуби во 2020 година, пренесува Гардијан.

Во соопштението на официјалниот Твитер профил на имотот Грејсленд, семејството Присли објави дека е „шокирано и уништено“ од ненадејната смрт на Лиса Мари Присли (54), која само два дена пред нејзината смрт присуствуваше на доделувањето на Златните глобуси, каде актерот Остин Батлер ја доби наградата за улогата на нејзиниот татко во филмот „Елвис“.

Лиса Мари Присли го наследила имотот од нејзиниот татко откако тој починал во 1977 година, кога таа имала девет години. Кога наполнила 25 години, таа добила целосна сопственост на имотот, кој е претворен во музеј, за кој се вели дека е втор најпосетуван објект во САД по Белата куќа, со повеќе од 600.000 гости годишно, пишува Гардијан.

Можеби ќе ве интересира: