Магазин

„Last Christmas“ после 39 години за прв пат прогласена за најдобар празничен хит во Велика Британија (Видео)

Легендарната песна „Last Christmas“ на групата „Вeм!“ за првпат го достигна првото место на листата за најдобар празничен хит во Велика Британија, по 39 години од нејзиното објавување, пишува „Индепендент“.

Песната на поп-дуото од осумдесеттите – составен од Ендрју Риџли и покојниот Џорџ Мајкл за првпат ја освои трката на најдобар празничен хит, оставајќи ги Сем Рајдер на второто и Мараја Кери на третото место.

Песната „Last Christmas“, напишана од покојниот Џорџ Мајкл со намера да го освои божиќниот број еден во 1984 година, не успеа да го стори тоа бидејќи во исто време беше објавен синглот „Do They Know It’s Christmas“.

„Прекрасно е што стигнавме тука. „Last Christmas“ конечно се искачи на многу посакуваниот официјален број еден на листата за најдобар празничен хит“, изјави Риџли.

Песната, исто така, сега е најстримуваниот празничен хит со 13,3 милиони стримови во изминатите седум дена, според податоците на компанијата „Офишал чартс“.

Инаку, Мајкл почина на Божиќ во 2016 година, на 53-годишна возраст, од срцева слабост. Во кариерата долга четири децении, тој продаде повеќе од 100 милиони плочи со „Вем“ и како соло-уметник.

Можеби ќе ве интересира: