Магазин

Лепа Брена болна од остеопороза?! (Фото)

Лепа Брена минатото лето на одмор ги скрши двете раце, на 1-ви јануари оваа година падна по скали и го скрши лактот, по што се појавија шпекулации за тоа дека таа боледува од остеопораза. Иако Брена изјави дека овие повреди настанале случајно, поединци даваа изјави дека една од најголемите балкански ѕвезди боледува од губиток на коскена маса, по што се огласи и нејзината служба за односи со јавноста.

“По повод нагодувањата во медиумите дека на Брена и се заканува остеопороза, мораме да кажеме дека таа закрепнува добро, бидејќи на десната рака има гипс. Сакаме да нагласиме дека фолк дивата е одговорна за своето здравје и мирува, а ја чека и пат на Тајланд. Ви благодариме уште еднаш што се грижите”, пишува во соопштението. Пејачката се огласила на социјалната мрежа Твитер набрзо откако и била санирана последната повреда, скршениот лакт на десната рака:

“Ќе бидам уште посилна откако ќе излезам од овој проблем! Поради себе, моето семејство и поради вас! Ве сакам многу сите”, напишала таа на својот Twitter профил.

Lepa Brena_statusTwitter

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: