Магазин

Музејот „Мадам Тисо“ во Лондон постави нова восочна фигура од Дејвид Боуви

Црвенокос во комбинезон со пруги и впечатлива шминка, е новата восочна фигура на покојната рок-ѕвезда Дејвид Боуви. Како алтер-его на Зиги Стардаст беше претставена вчера во музејот „Мадам Тисо“ во Лондон, заокружувајќи ја поставката со музичка тема.

Користејќи слики од 1983 година, музејот „Мадам Тисо“ објави дека соработувале со администрацијата на оставнината на Боуви за да создадат фигура, втора направена за пејачот. Британскиот кантавтор почина од рак во 2016 година на 69-годишна возраст.

„Дејвид Боуви како Зиги Стардаст ги надминува генерациите и музичките жанрови“, рече Тим Вотерс, генерален директор на музејот „Мадам Тисо“ во Лондон.

„Ни беше чест да работиме со неговото наследство по повод неговиот 75-ти роденден и да одиграме мала улога во одржувањето во живот на неговото уникатно наследство за генерациите што доаѓаат“, додава Вотерс.

Можеби ќе ве интересира: