Магазин

Најбогатиот владетел во светот поседува колекција од 7.000 луксузни автомобили (Фото+Видео)

Султанот од Брунеј, Хасанал Болкиах е на тронот на оваа парламентарна монархија од 1967 година и за тоа време натрупал огромно богатство кое го троши на екстравагантни работи. Вредноста на неговото богатство се проценува на околу 35 милијарди евра, а тој ја носи титулата најбогат владетел во светот.

Неколку извори тврдат дека султанот поседува 7.000 луксузни автомобили, меѓу кои 365 Ферари, 275 ламборџини, 258 Астон Мартин, 172 Бугати, 230 Поршеа, 350 Бентли, 600 Ролс Ројси, 237 мерцедеси…

За неговите автомобили не постои информација каде точно ги чува, иако се шпекулира дека тој всушност овие автомобили ги издава за да обезбеди дополнителни приходи. Дури се шпекулираше дека султанот ги поседува повеќе од половината од сите продадени Ферари помеѓу 1990 и 2000 година.

Кралската палата на султанот од Брунеј „Истана Нурул Иман“ е изградена во 1984 година и се простира на два милиони квадратни метри. Според Гинисовата книга на рекорди, оваа палата е најголема во светот. Надворешниот ентериер се состои од 22-каратна златна купола, 1.700 соби, пет огромни базени и 257 бањи. Во палатата има и 110 гаражи, има 564 лустери за кои се потребни 51.000 сијалици за работа.

Палатата не е отворена за јавност, туку се користи за државни работи и големи муслимански празници, како на пример за празникот Рамазан Бајрам кога ќе дојдат околу 110.000 луѓе. Вредноста на палатата се проценува на повеќе од 1,5 милијарди евра, но таа никогаш нема да се појави на отворен пазар, па цената ќе остане тајна.

Султанот од Брунеј поседува и авион Боинг кој има позлатени прозорци и врати и кожни седишта. Тој има своја приватна зоолошка градина која содржи 30 бенгалски тигри, неколку соколи и безброј фламинга и какаду. Хасанал се женел вкупно три пати додека веќе бил во брак. За прв пат се оженил со сопругата Раџа во 1965 година, потоа се оженил и со Хајаха во 1982 година и со Ариназа во 2005 година, а од последните две се разведе во 2003 и 2010 година, пренесува „The Scoop“.

Можеби ќе ве интересира: