Магазин

Најновата анкета на „Блик“ покажа: Швајцарците не сакаат нивната земја да биде домаќин на Евровизија

Речиси половина од жителите на Швајцарија не сакаат нивната земја да биде домаќин на Евровизија, покажа анкетата на весникот „Блик“. Во анкетата која опфати 25.000 луѓе, дури 49% се изјасниле против одржувањето на Евровизија во Швајцарија, а уште 5% немале мислење.

И покрај тоа, Евровизија ќе биде домаќин на Евровизија во 2025 благодарение на победата на Немо на годинашниот избор во Малме. Не е познато во кој град ќе биде тоа. „Блик“ објави дека засега се пријавиле Цирих, Женева, Берн и Базел.

Ова беше трета победа на Швајцарија на Евровизија, по оние во 1956 и 1988 година. Победата на Немо, кој се изјаснува како небинарна личност, покрена дебата во Швајцарија дали треба да се регистрира трет пол во земјата.

Можеби ќе ве интересира: