Магазин

Погледнете: Најпосакуваните близнаци на мак сцената изненадија со интересно селфи

Веќе подолг временски период најпосакуваните и најпознати близнаци на македонската музичка сцена Мартин и Стефан или заедно “Next Time” тренираат, вежбаат или едноставно кажано редовно спортуваат и се грижат за своето тело. Онаа интересна фризура, онака неуредна, опуштена… секси, многу од музичките ѕвезди низ светот ја присвоија, а едни од првите во Македонија се токму тие, познатите браќа од “Next Time” кој со својот изглед, освен што изгледаат навистина прекрасно, заводливо, привлечно, тие истовремено даваат одредена доза на сериозност и машкост која секоја девојка ја посакува.

Но, тоа и не е така. Тие на социјалните мрежи постираа селфи на кое се забалежува дека се во премногу опуштена атмосфера, односно, дека како што самиот Стефан пишал постирајќи ја фотографијата: “Се запуштивме”. Дали тие со ова мислеле дека работејќи на новите песни се имаат запуштено или на нешто сосема друго незнаме, но едно е сигурно, оваа селфи навистина им се допадна на девојките на кои им се допаѓа овој запуштен изглед на двајцата браќа, па така до моментот кога ние го пишуваме овој текст имаше околу 200 лајкови, нешто што многу кажува.

Next Time_selfiПодготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: