Магазин

Наместо македонски концерти, во Македонија ќе не забавуваат Цеца, Грашо, Фрајле

Корона рестрикциите веќе не се пречка за дружење, собирање, забави и одење по музички концерти. Но какви? Наместо нашата македонска музичка естрада да се екипира, да се соберат и сите заедно да направат еден или повеќе пост ковид концерти, и така доаѓа убавото време, лето… но наместо тоа, во Македонија во идниот период ќе не забавуваат сите, само не нашите македонски изведувачи.

Дали е тоа намерно или не, секако незнаме. Но на оваа македонска публика која е жедна за забава и добра и квалитетна македонска музика, добро би им дошло да се организираат пролетни или летни турнеји, музички каравани… како тоа што некогаш се случуваше.

Цеца во Пробиштип, Петар Грашо во Скопје, Фрајле на отворено во центарот на Скопје… тоа е засега понудата од музичките настани или концерти кои се најавени и ќе се случат во идниот период. Се додека македонската музичка естрада, сите оние кои што се дел од истата не се наметнат и не се организираат како тоа што го прават во соседните Бугарија и Србија, се дотогаш нашата македонска песна ќе биде заменета со било каква друга освен со она што треба.

Каде е Благица Павловска, Наум Петрески, Марјан Коцев, Стојне Николова, Блага Петреска, Круме Спасовски… или Влатко Лозановски, ДНК, Александра Јанева, Владо Јаневски, Ѓоко Таневски… кај се сега сите оние кои на големо се против пејачите кои ни доаѓаат од другите држави и го собираат кајмакот, а нашиве, она што ќе остане.

Е поради сето ова македонската музика ќе биде на она ниво на кое што е, а можеби некој сака така да биде, кој да знае.

Можеби ќе ве интересира: