Магазин

Наскоро стартува втората сезона на ТВ серијата „Тин камп“

Промоција и премиера на втората сезона на тинејџерската ТВ серијата „Тин камп“ ќе се случи на 15-ти декември од 16 часот во Intermezzo Music Bar.

Сите присутни на настанот ќе имаат можност премиерно да ја погледнат првата епизода од ТВ серијалот и да присуствуваат на мини концерт на кој ќе ги слушнат легендарните хитови од новата сезона. Чест ни е да да ве известиме дека главните херои од серијалот после повеќе од 30 години ги препеаа хитовите на Дарио и Миг 21 „Косоока“, Оливер Мандиќ „Смејем се, а плакао би“, Екатерина Велика „Пар година за нас“, Каролина Гочева „Хипокрит“, Срџан Џул „Кокета“, Тамара Тодевска „1003“, Кире Митрев „Фрка“, со што новите генерации ќе имаат можност да ги слушаат препеаните хитови со нови аранжмани.

Во втората сезона на „Тин камп“ во главните улоги се појавуваат веќе познатите тинејџерски ѕвезди Филип Поповски, Миха Гигов, Марија Јанчевска, Далиа Стоименова, Марин Стојановски, Дарија Врачевиќ како и познатите актери Тони Михајловски, Петар Мирчевски, Сара Климоска, Тамара Ристоска и познатиот српски актер Милан Калиниќ во улога на еден од професорите во кампот.

Серијалот „Тинејџерски кам“ е забавно-музички серијал кој ќе обработува теми соодветни за тинејџерите и е во ко-продукција на „Рифенштал“ и МРТВ.

Автор на серијалот, сценарист и продуцент е Цаци Паковска, која ќе има и свое обраќање на промоцијата. Режијата е на Марко Ѓоковиќ, а директор на фотографија е Драган Паковски. Музиката е на Лука Ѓоргиевски.

Можеби ќе ве интересира: