Магазин

„Нож и виљушка на европска чинија“ во Паркот на Франкофонијата

Љубителите на убавата храна в петок од 17 до 19 часот во Паркот на Франкофонијата ќе можат да уживаат во настанот „Нож и виљушка на европска чинија“ кој ќе биде збирно место на домашни македонски угостители кои подготвуваат автентични домашни специјалитети, но и традиционални јадења од Австрија, Германија, Франција, Турција и други држави. Ќе можат да дегустираат храна и пијалаци од домашната и европската кујна.

„Ви нудиме можност да си купите нешто по ваш избор кое дома ќе можат да го пробаат и другите членови од вашето семејство“, повикуваат од Општина Центар.

Оттаму додаваат дека покрај вкусната храна и пијалаци сокови, вина, џин, ракија, домашни и странски пива, настанот ќе го разубават и жените пензионерки кои ќе покажуваат како се меси и везе, додека во меѓувреме ќе бидат изведувани народните игри и песни од КУД „Орце Николов“, а ќе може да се ужива и во изведбата на познатите англиски, француски и италијански хитови.

Можеби ќе ве интересира: