Магазин

Омикрон, новиот сој на коронавирусот ги одложи почесните оскари?!

Академијата за филмски уметности и науки ја одложи 12-та годишна церемонија на Governors Awards, бидејќи расте бројот на заразени со Ковид-19.

„Ние ја донесовме тешката одлука да ги промениме нашите планови за церемонијата со физичко присуство на 15-ти јануари“, рече портпаролот на Академијата во изјавата во средата.

„Со оглед на неизвесностите околу варијантите и влијанието што ова може да го има врз нашата заедница, сметаме дека ова е најдобрата и најбезбедната одлука за нашите почестени и гости. Презакажаните планови ќе дојдат подоцна, бидејќи ние продолжуваме да им даваме приоритет на здравјето и благосостојбата на сите вклучени“.

Се уште не е објавен нов датум.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....