Магазин

Песната „Таму кај што си” на Ристо Самарџиев требало да ја пее и Џокси (Видео)

Дали порано заради весниците, папараците и насловните страници беше многу полесно да се препознае кој е вистинска ѕвезда, а денеска со интернетот се е измешано, не се знае кој е јавна личност, кој е познат, а кој ѕвезда.

Во најновото издание на „Нешто конкретно” зборуваме за тоа што значи денес да се биде јавна личност во земјава, а на таа тема ни гостуваат Светлана Црнокрак, Александар Наков, Џина Папас Џокси и Ди Џеј Бабура Јуниор.

Една дама и тројца џентлмени како што доликува на месецот, Светлана Црнокрак зборува за тоа како успева својата долгогодишна успешна кариера да ја одржи без ниту еден скандал, за периодот во кој таа започна да ја гради својата кариера без социјални медиуми по многу потежок пат таа ќе каже „Порано функциониравме поубаво, посигурно и останавме онака на врвот како ѕвезди”, рече таа и упати дека секоја јавна личност треба да биде подготвена на озборувања, да биде мета на пречки и различни напади, но оти сега за сега добро се носи со тоа.

Кој е вистинска ѕвезда во Македонија? Нешто Конкретно/Nesto KonkretnoS03Е04 – YouTube

Александар Наков откри дека насловните страници за „Убавина и здравје” се закупени до месец февруари, тој дури се соочувал со закани затоа што одредени личности не се на насловна страница. Претходно вели дека бил критикуван ако некој бил ставен на насловна, а денеска се тепаат за да ги има таму. Постојат дури и лицитации, односно надавања со пари за некој да се најде на главната страница. Како податок од своето долгогодишно искуство во оваа работа тој издвои и дека најголемите тиражи на печатените медиуми се случувале кога некоја ѕвезда ќе почине. „Мртви ѕвезди продаваат повеќе од голи гради”, вели тој.

На прашањето до Џокси дали понекогаш му е криво што во долгогодишната кариера го паметат само по една песна, тој одговори дека не затоа што таа песна, алудирајќи на „На Велигден” го поставила во некои сосема други рамки. Но откри дека се кае што го одбил Ристо Самарџиев за дует со песната „Таму кај што си” со оглед на тоа каков хит подоцна стана таа песна.

Ди Џеј Бабура Јуниор своето име го доби во наследство од својот чичко па беше запрашан дали тоа носи уште поголема одговорност или е привилегија, „Да ги прашаш другите ќе кажат дека е лесно, али мене ако ме прашуваш воопшто не е лесно”, рече тој и ја раскажа приказната за добивањето на своето уметнико име. „Кога чичко ми кажа дека треба да се претставувам како Бабура Јуниор јас две-три недели ниту спиев ниту јадев од возбуда, од мерак” говореше тој искрено за својот чичко.

Гледајте „Нешто конкретно” секоја недела на Телма во 17.00 часот.

Можеби ќе ве интересира: