Магазин

По повод 60 години Џејмс Бонд се снима музички документарен филм

Новиот документарен филм ја истражува култната музика на франшизата за Џејмс Бонд по повод 60 години филмови за тајниот агент 007, кои се одбележуваат во 2022 година. Филмот ќе го реализира истата екипа која оваа година претходно го сними документарниот филм „James Bond: The Daniel Craig Story“.

„Deadline“ пишува дека новиот документарец во продукција на „MGM“ и „Eon Productions“ ќе се емитува во октомври 2022 година, месецот во кој се одбележуваат 60 години од појавувањето на првиот филм за Џејмс Бонд во кој глуми Шон Конери – „Dr. No“. Новиот документарен филм би требало да го режира Мет Вајткрос, а да го продуцира Џон Батсек.

Што се однесува до иднината на самиот лик, односно Џејмс Бонд, продуцентката Барбара Броколи изјави дека тајниот агент во иднина би можел да биде – небинарен. Додека траат шпекулациите за тоа кој ќе го замени Крег во улогата на Бонд по „No Time To Die“, Броколи во едно интервју изјави дека Бонд сигурно ќе остане маж, иако ги остава сите можности отворени, и нагласи дека е најважно да се пронајде вистинскиот актер за таа улога.

Меѓутоа, и самата приказна за музиката од филмовите на агентот предизвикува интерес, како и секоја насловна песна која го „следеше“ агентот 007 во изминатите 60 години, а чии автори се огромни музички ѕвезди како Били Ајлиш, Адел, Сем Смит, Дуран Дуран, Гарбиџ, Пол Макартни, Карли Симон, Крис Корнел, Тина Тарнер, Мадона итн., додека музичката тема за Џејмс Бонд ја компонираше Монти Норман.

Можеби ќе ве интересира: