Магазин

Погледнете: Како изгледа, што и како прави денес она слатко момче од Киндер чоколадите? (Фото)

Не постои дете кое што досега не вкусило од оние надалеку препознатливи и превкусни киндер чоколадциња, а на самата опаковка и обвивка стои едно насмеано и слатко детенце. Токму тоа детенце денес има 29 години и е познат светски модел, а како што и самиот тој вели потекнува од Србија каде што и има живеено.

Можеби името Алесандро Егер ништо нема да ви значи, но токму тоа е момчето кое што никогаш нема да го заборавиме и секогаш ќе не потцетува на тие вкусни чоколадциња. Но каде е денес и што тој работи?

Тој денес работи како модел и има учествувано на повеќе од 50-на модни ревии, а има соработувано и со голем број на реномирани брендови меѓу кои ќе ги споменеме Versace, Dolce&Gabbana, Armani, Moschino, Calvin Klein и други, а покрај манекенските ангажмани се има појавено и на филмското платно.

По рекламата за чоколадото Киндер, тој почнал да добива улоги во филмови во Италија, а во манекенството влегол сериозно дури на 21-ва година. И за филмската и манекенската кариера вели дека е потребна упорност за успех, а тој е благодарен на сите луѓе кои му помогнале во тоа. Интересно е тоа што тој потекнува од Србија и иако го има прошетено речиси целиот свет и како дете се сели во Италија, сепак открива дека и ден денес му недостасува мирисот на домашното кафе, паркот и плоштадот во Баново Брдо, вујко му и селото каде што растел како дете, како и српската храна.

Во продолжение погледнете како слаткото момче, денес изгледа како вистински секси заводник:

Подготви: Марија Поповска

Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира: