Магазин

Познатиот естраден новинар Дуле Миќиќ се брцна во дојранските води (Фото)

„Фолк Фест Валандово” е веќе зад нас, а зад нас се и спомените и догодовштините кои нам естрадните новинари ни се случуваат пред и по фестивалските вечери каде секогаш професионално си ја вршиме својата работа.

На вториот ден од предфестивалските концерти дел од новинарските екипи освен што вредно и професионално си ја обавуваа својата обврска кон редакциите, дел од колегите најдоа време и поуживаа во летните температури, жегата и топлото дојранско време. Меѓу нив беше и добро познатиот естраден новинар Дуле Миќиќ кој без срам се соблече и пред дојранчани го покажа своето витко тело. Знаејќи дека Дуле не носи купаќи, тука си го поставуваме прашањето дали тој во дојранските води влезе гол или во меѓувреме имаше набавено купаќи за да поужива и избега од топлото и спарно време.

„Убаво ми велеа колегите да си земам купаќи од Скопје”

Како и да е, на нашиот колега му посакуваме мирни и убави пензионерски денови и често и редовно да се дружиме на фестивалите и сите новинарски средби.

Фото: Фејбук

Можеби ќе ве интересира: