Магазин

Прочитајте: Кои се најчестите суеверија кај нас, и дали и вие верувате во истите

Верувале или не, но на Балканот има мноштво суеверија кои сигурни сме дека дел од нив сте ги слушнале од вашите баби и дедовци, или пак мајки и татковци. Тоа се верувања во некои некогаш, а богами и денес, веруваат одреден број на луѓе, или пак поголемиот број од нив…

Во продолжение, прочитајте дел од тие таканаречени суеверија, односно, верувања за кои веруваме дека и вие сте слушнале, а можеби и вие верувате во истите.

Внимавај на црна мачка на патот!

Тоа е едно од оние суеверија кое мора да признаете дека повеќето од вас кога ќе видат црна мачка која ви го пресекува патот и поминува пред вас, или се враќате три чекори наназад и малку поплукувате или чекате некој пред вас да помине, па вие веднаш по него. Сепак, иако сите веруваме во ова т.н суеверие, истото датите многу години наназад.

Наш совет: наместо да бегате од црните мачки, погалете ги и понекогаш нахранете ги.

Скршено огледало носи седум години несреќа!

Секому од вас, барем еднаш во животот му се има случено да скрши 1 огледало, дали мало или големо, тоа не е важно. Сепак, наш совет е да бидете малку повнимателни, бидејќи огледалата се за да се огледаме во истите и да се подготвиме и бидеме убави пред некаде да излеземе, а она со несреќата од седум години… да бидеме реални, што е многу многу е.

Не седи на ќошот од масата додека јадеш!

Е ова на сите нас ни се има случено најмалку 5 до 10 пати во текот на една недела, ако не и повеќе. Посебно кога на масата има гости, роднини, пријатели или ручек или вечера од семеен тип кога сите мора да се на масата, а нели место нема. Суеверите вели дека ако некој за време на јадењето седи на ќошот, истата таа личност ќе остане немажена, или пак неженет. Авторот на овој текст се уште не е во брачните води, но рака на срце, знам милион други луѓе кои случајно или не седеле на ќошето од масата и денес освен што се мажени, женети, некој од нив имаат по 3 до 5 деца, а некои од нив пак се во втор или трет брак. Смешно нели.

Наш совет: Столче си е столче, па макар и на чело. А ќошињата, иако ништо не мора да значат, сепак оставете ги на другите.

Не ја оставајте торбата или чантата на под, ќе изгубите пари!

И ова е еден од оние суеверија или верувања дека доколку ја оставите вашата торба или чанта на под, дека ќе ги загубите вашите пари, и слично. Досега не знам некоја личност кому ова му се има случено, но, веројатно сето ова е вистинито, посебно ако патувате во автобус во кој има премногу луѓе па некој случајно или не ќе посегне по нешто што не е негово.

Наш совет: Во секој случај, чантата, торбата, ранецот… или што и да е со вас, сепак нека биде во вашите раце и внимавајте на тоа вистински да не “загубите” нешто, случајно или не.

Не фрлај ѓубре навечер и не собирај трошки, а потоа да ги фрлаш преку прозорец!

Според нашите баби и мајки, ако фрламе ѓубре навечер тоа е како да си ја “фрламе” среќата, и сите работи ќе почната да ни одат надолу. Ксметот и среќата е индивидуална работа и никој не може да ни ја земе, а вечерното чистење на ѓубре незнаеме колку е погодно, поготово, тресерето на трошки ако живеете во зграда, замислете како му е на вашиот сосед кој што живее под вас.

Наш совет: Има утре ден, ѓубрето и останатото чистење оставете го за почетокот на новиот ден, зар не.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....