Иван Раденов – првиот македонски идол деновиве имаше итна операција во Општата болница “8-ми септември” и за среќа се поминало во најдобар ред. Имено, станува збор за операција на полипите на грлото, кој Раденов ги оперираше, и како што вели самиот тој, подготвен е повторно да се врати на музичката сцена со уште поголеми и послушани хит песни. Моментално се наоѓа во родната Гевгелија каде што закрепнува и акумулира нова сила и енергија за новите музички предизвици.
Тој на својот фејсбук профил лично преку статус се заблагодари на сите оние кои помогнаа се да биде во ред, што друго напиша на својот профил, прочитајте во продолжение.
И редакцијата на Специјализираниот македонски музички портал Музика24 на нашиот македонски идол му посакува побрзо закрепнување и секако што повеќе песни, видео спотови и хитови.
Подготви: Александра Блажевска