Магазин

Ријана е новата принцеза Дајана

Британскиот “Сандеј Тајмс” привлече големо внимение на јавноста со објавувањето на насловната на која се наоѓа половина лице од принцезата Дајана и половина на познатата пеачка Ријана. Во текстот “Принцеза и играчка”, авторката Камил Падила пишува дека Ријана е новата принцеза Дијана.

“Кога вашето лице е споено со лицето на принцезата Дајана на насловна страна на “Сандеј Тајмс”, тоа е веќе нешто. Дојдов дома пијана и ја видов насловната. Никогаш не верувам дека многу луѓе ќе го знаат моето име. Животот може да биде убава работа”, напишала Ријана на својот твитер профил.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: