Магазин

Ријана ќе настапи на доделувањето на Оскарите

Според Vogue, Ријана треба да ја изведе песната “Lift Me Up” од филмот на Марвел, Black Panther: Wakanda Forever за време на телевизиското емитување на Оскарите.

Песната “Lift Me Up” ја напишаа Ријана, Темс, Лудвиг Горансон и режисерот на филмот Рајан Куглер. Баладата беше номинирана за најдобра оригинална песна на овогодинешното доделување на Оскарите, што е првата номинација на Ријана за Оскар. Минатата година Оскар за најдобра оригинална песна им припадна на Били Ајлиш и Финес за песната “No Time to Die”.

Филмот Black Panther: Wakanda Forever беше номиниран за пет Оскари оваа година. Американската актерка Анџела Басет беше номинирана за Оскар за најдобра споредна женска улога во тој филм, со што стана првата актерка која е номинирана за Оскар за филм на Марвел.

Инаку, Ријана нема јавно настапувано од 2018 година до минатиот месец кога пееше на полувремето на Супербоулот.

Можеби ќе ве интересира: