Магазин

Се сеќавате ли на “Los Del Rio” и нивната “Macarena”? Погледнете каде се и што прават (Фото + Видео)

Тие одеднаш се појавија, направија хит и едноставно ги снема. А каде се денес познатите “Los Del Rio”, што прават и дали сеуште се бават со музика прочитајте во продолжение само на Музика24.

Дали се сеќавате на големиот хит “Macarena” кој што направи вистински бум низ светот и кој што со месеци и месеци беше на местото број 1 на светските топ листи? Веруваме дека некои од вас тогаш беа деца, тинејџери и слушајќи ја истата пораснавте, песна која и ден денес на прво слушање ве расположува и прави да станете и да играте. Многу често слушајќи ја оваа песна во нашата редакција се прашувавме каде се овие симпатични дедовци Antonio и Rafael, дали сеуште се бават со музика и едноставно каде исчезнаа.

Los Del Rio Los Del RioИ едноставно решивме да истражуваме, копаме и да се информираме по пат на глобалната мрежа интернет. И не се секирајте, тие се живи и здрави и сеуште се бават со музика, она преку кое што и ги запознавме. И не само од сега, тие во почетокот на октомври 2013-та во Севија, Шпанија одржале голем концерт по повод 50 години постоење на музичката сцена, а воедно на истиот се појавиле голем број на музички имиња од Шпанија, како и голем број на нивни пријатели и соработници.

Los Del RioА она што е најново од нив и за што веруваме се бара карта повеќе во Шпанија, односно во градот Гијон е тоа што на 16-ти јануари во театерот Jovellanos тие по повод 50 години од своето постоење ќе одржат голем концерт во овој град за тамошната публика. Верувале или не, картите се седење се 35 евра, додека оние останатите 25 евра.

Доколку ве носи патот кон Шпанија или сте веќе дел од ова место, а секако сакате да поминете одлични 120 минути забава и добро музика, ви препорачуваме да бидете дел и до го погледнете концертот на ова познато дуо. А за сите вас останати, само за миг ќе ве потсетиме со нивниот голем хит “Макарена” и да ве вратиме во младоста кога се беше поинаку.

http://youtu.be/XiBYM6g8Tck

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: