Магазин

Со „Словенски марш“ 12.000 илјади музичари во Венецуела поставија Гинисов рекорд (Видео)

Венецуела вчера постави Гинисов рекорд за најголем оркестар на светот, откако илјадници локални музичари ја изведоа „Словенски марш“ на Чајковски.

Изведувачите беа собрани од венецуелската јавно финансирана програма „Ел система“, која е основана во 1975 година и оттогаш обезбедува обука за класична музика за илјадници деца од работничката класа.

Густаво Дудамел, музичкиот директор на Париската опера и филхармонијата во Лос Анџелес, е еден од нејзините најзначајни алумни.

„Можам да потврдам дека овој обид беше успешен, честитки“, објави на екранот за време на церемонијата во седиштето на Ел Система, официјален претставник задолжен за изрекување на пресудата.

Околу 12.000 илјади музичари, вклучително и деца и возрасни кои се членови на главниот оркестар во земјата, Симон Боливар, свиреа за рекордот на 13-ти ноември.

Изведбата на делото беше набљудувана од околу 260 ревизори од сметководствената фирма КПМГ, задолжени да се погрижат секој музичар да ги почитува правилата за да постави нов рекорд, кој вклучува неделење инструменти и свирење најмалку пет минути за време на партитурата.

„Ова е големо достигнување не само за Ел Система, туку и за нашата земја“, рече програмскиот директор Едуардо Мендез.

Русија го имаше претходниот рекорд, поставен во 2019 година со повеќе од 8.000 музичари.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....