Магазин

Spotify ја објави најпуштаната песна во 2023 година (Видео)

Музичката апликација Spotify ги сподели резултатите на своите корисници и даде увид во најслушаните изведувачи и песни во 2023 година. Листата на најпуштани песни се состои од 50 хита, а некои од нив дури се пласираа и на Билборд-листата во изминатите 12 месеци.

Хитот на Мајли Сајрус, „Flowers“, е најстримуваната песна во светот, со повеќе од 1,6 милијарда стримови во светот. Песната излезе во јануари оваа година, а зборува за самољубието, внатрешната сила и за самодовербата.

Најмногу слушан изведувач во 2023 година е Тејлор Свифт, со повеќе од 26,1 милијарди глобални преноси од 1 јануари. Оваа информација не изненадува бидејќи светската ѕвезда годинава стана милијардерка благодарение на турнејата „Ерас“.

Кога станува збор за албумите, повеќето од нив се објавени пред 2023 година. Најмногу стримуван албум на годината е „Un Verano Sin Ti“ од Bad Bunny, со повеќе од 4,5 милијарди стримови на глобално ниво.

Можеби ќе ве интересира: