Магазин

„Спотифај“ минатата година им платил по 5 милиони долари на 130 пејачи

„Спотифај“ откри дека минатата година платил 7 милијарди долари на носителите на права на музичката индустрија, што претставува речиси 25% од вкупните приходи на индустријата.

Веста се појави на веб-страницата Loud And Clear, која компанијата ја отвори минатата година со цел да ја зголеми транспарентноста околу своите плаќања.

Стриминг-гигантот тврди дека 52,600 уметници заработиле повеќе од 10,000 долари од „Спотифај“ во 2021 година. Од нив, на 130 им биле исплатени над 5 милиони долари во последните 12 месеци.

„Спотифај“ не именува ниту еден од овие изведувачи, но познато е дека најстримувани минатата година беа Бед Бани, Тејлор Свифт, „БТС“, Дрејк и Џастин Бибер, додека најстримувана песна беше “Drivers License” на Оливија Родриго.

Можеби ќе ве интересира: