На 8ми септемви 1991 година граѓаните на Република Македонија кажаа ДА, за самостојна и независна Република Македонија.
„Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!“.
Ова беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје на 8ми септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% се изјасни за осамостојување на Република Македонија од Федеративна Југославија во која се распламтуваше граѓанска војна.
95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумското прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави во Југославија“?
На 25ти јануари истата година, првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои декларацијата за независност. Усвојувањето пак на уставот беше на 17ти ноември 1991 година.
Среќен роденден Татковино! Нека ни е честита 32та година, самостојна и независна Македонија!