Како што пишува порталот Пулс24, познатиот македонски исцелител Иван кој потекнува од Куманово, неодамна даде свои прогнози и коментари за она што и како ќе им се случува на одредени македонски музички имиња во новата 2015-та година. Што тој вели за Кајмакоски, Благица Павловска, Елена Ристевска… прочитајте во продолжение.
На прашањето какво дете ќе роди познатата поп пејачка Елена Ристевска, Иван исцелител вели дека во нејзиниот живот и претстојат две машки и едно женско дете, а за Каролина Гочева исцелителот прогнозира дека следната година на оваа позната и преубава поп пејачка и претстои мажачка со убаво високо момче, а бракот ќе и биде среќен, бериќетен и долговечен.
Овој познат македонски исцелител не ги заборава ниту фолк пејачките, па така истиот за познатата фолк пејачка Благица Павловска прогнозира дека следната 2015-та оваа пејачка често ќе патува надвор од Македонија и дека нејзината судбина е во далечната Австралија, односно, токму во оваа земја Павловска ќе го сретне човекот на нејзиниот живот и заедно ќе живеат долг и среќен живот.
А за победникот на првата сезона од најгледаното тв шоу “X Factor Adria”, а истовремено и македонски претставник на Евровизија во Виена следната година Даниел Кајмакоски, исцелителот вели дека ова момче уште кога се родил имал среќна судбина и дека тој освен регионална ѕвезда, Македонија ќе ја прослави и ширум светот. Колку и дали се точни овие прогнози и предвидувања на познатиот Иван исцелител незнаеме, но следува период кога тоа ќе го видиме на дело.
Подготви: Редакција Музика24