Откако таа ги положи потребните тестови по кинески јазик, нашата позната македонска фолк пејачка Сузана Спасовска се пресели во Кина, секако само на кратко. Како што и самата пејачка потврди, таа пред малку на нејзиниот фејсбук профил објави фотографија од каде сите нас не поздравува директно од Кинескиот ѕид.
На нашата Сузе Национале и посакуваме пријатен и одличен престој во преубавата Кина и ја очекуваме наскоро да ни се врати со што повеќе фотографии и впечатоци како од местото, луѓето, така и од културата и националното богатство на оваа пријателска земја на Република Македонија.
Текстот го подготви: Синиша Новевски