Магазин

Три работи кои треба да ги направите пред Нова година

Последниот месец пред Нова година, започнуваме да анализираме што сме направиле годината што изминува и што ќе правиме во годината што следи. И токму затоа, убаво е да се направи кратка листа која ќе не мотивира и инспирира за поубава година. Што е она што би требало да го направите пред Новата 2022 година.

1.Листа на најголемите достигнувања во 2021 година!

Листата на одлуки за Новата година не мора секогаш да има работи кои сте ги направиле погрешно или пак цели кои не сте ги оствариле, а сте требале. Напротив, пописот кој сите ние треба да го направиме е оној на кој сме горди и кој ги содржи сите убави работи во годината која заминува.

2.Листа на се она што сте благодарни

Нова година е време кога размислуваме што мора да смениме во животот. Но, пред да почнете со критиките, направете нешто што ќе ве развесели и на што ќе се гордеете. Направите попис на работите кои ви се случиле во 2021 година, а на кои може да бидете благодарни и позитивни. Со насмевка на лицето, дека сте живи и здрави и дека се она што не сте го завршиле оваа, ќе го започнете и завршите во новата 2022 година.

3.Листа на работи на кои ќе се веселите во 2022 година

Запишете пет работи (мали или големи) кои едвај ги чекате во Новата година. Како на пример: венчавката на пријателката (или сопствената), продолжението на филмот или серијата кое го чекаш со нетрпение, можеби дипломата, патување за годишен одмор… има толку многу работи што можеш да направиш подолга листа, но сепак, таа да биде реална и во рамки на можностите.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....