Магазин

Уникатно: Ike De Koka со нов неверојатен стил на изведби (Видео)

Како што доаѓа новата ера на технологија така и музиката расте заедно со неа па затоа не е случајно што во последниве 3-4 години имаме можност да уживаме нови перформанси во електронската музика каде како артисти се истакнати во својот жанр како Пол Ван Дајк итн. Во Македонија е познато дека иако живееме на балканско поднебје, сепак некои изведувачи се издвојуваат по својот перформанс, едни од нив е и познатото дуо од Струмица Ike de Koka кој прават неверојатни забави каде и да се, а новина кај нив е новата опрема која е атракција кај нас, а носи име “Laser Harp”.

“Ние како состав сакаме да се издвоиме од другите артисти, па затоа вложуваме инаку новата опрема т.е. “Laser Harp” е светски хит, но е новина кај нас бидејќи ретко кој користи и тоа е еден вид ласер кој се дели на посебни зраци во низа вертикално и се свири со посебни ракавици со цел да постигне посакуваната мелодија поврзана преку компјутер”, изјави Костадинка кој е и главен изведувач на самата опрема каде воедно и нагласи овој уред е опремен со конфигурација на целосна октава со зелени и црвени зраци во 2D и 3D форма.

Имено тие се ангажирани преку целата година и надвор од Македонија поточно скоро имаа настап во еден од реномирани локали во Албанија и Косово што докажува за нивната професионалност во настапите. Во продолжение, уживајте во извонредната атракција на “Laser Harp” заедно со веќе докажаните Ike De Koka.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: