Магазин

Венеција ќе наплаќа за влез во градот (Фото)

Неодамна, едно попладне во Венеција, семејство туристи решиле да стават чаршаф на врвот на историскиот бунар и да ручаат домашна храна во ренесансен амбиент. Тоа за нив била евтина алтеранитва наместо да трошат пари во локалните ресторани, но властите немаат ништо од ова.

„Тие се сериозно казенти“, вели Simone Venturini, советник во градот кој ја предводи иницијативата за подигнување на туристичката индустрија и нејзиното трансфомирање од квантитет кон квалитет.

Крај на практиката за вакви излети е дел од поширокото настојување да се искоренат туристите кои ја оптоваруваат градската инфраструктура, прават метеж по улиците, но нудат малку за стопанството – такви се еднодневните излетници.

Градот пресметал дека кога ќе се појават повеќе од 30.000 до 40.000 луѓе на еднодневно сликање „селфија“ на мостот Rialto, провлекувајќи се преку плоштадот Свети Марко и покрај Дуждовата палата, прават повеќе штета отколку корист.

За да ги избегне туристите кои трошат малку, градот планира да им наплаќа на тие кои доаѓаат на еден ден. Надоместот ќе чини од 3 до 10 евра за влез во градот почнувајќи од јануари. Властите се уште ги утврдуваат конечните детали, вклучувајќи го тоа како да ги наплатат давачките, а се цели на локациите долж Гранд каналот и островите Лидо, Мурано и Торчело.

Тука е и борбата со локалните противници која треба да се добие. Некои трговци се плашат дека ограничувањето на влезот ќе испрати погрешен сигнал и дека не кореспондира со историјата на Венеција како трговска нација.

„Целта на мерките не е да прави пари, туку да ја заштити Венеција“, вели Venturini. Градот „со своите слабости не одговара за „фаст фуд туризам“.

Како што светот излегува од двегодишните рестрикции заради корона кризата, сјајот на каналите во Венеција и извртените улици повторно се многу барани, со околу 120.000 туристи кои ги посетуваат само за Велигденските викенди. Но, градските власти и повеќето од сопствениците на фирми сакаат да бидат сигурни дека ова ќе биде одржливо.

„Значењето на патувањата се смени низ годините, стана попис на места кои треба да се посетат“, вели Giuliana Longo, сопственичка на продавница во близина на мостот Rialto во која се продаваат шешири, со продавницата управуваат жените од нејзното семејство подолго од еден век. „Но, на некои места луѓето мора да одат за да го збогатат своето срце, душата и умот уживајќи во убавината, а Венеција е убавина, со големо У”.

Таа го поддржува планот за влезници, но вели дека градот треба јасно да каже дека парите ќе одат за одредена цел, како што е заштита на животната средина.

„Не можете да дозволите град како Венеција да биде разорен од групи туристи“, вели Dina Ravera, основач и претседател на врвниот туроператор Destination Italia SpA. „Тоа е музеј на отворено и за неговото одржување потребно е да се ограничи протокот на луѓе. Во спротивно, тоа би било како да ја оставите отворена вратата на Лувр“, вели, мислејќи притоа на парискиот музеј во кој се наоѓа Мона Лиза на Леонардо да Винчи.

За Venturini, казнувањето на лошото однесување, како на семејството кое дошло на излет, е дел од испраќањето сигнал дека посетата на Венеција е двонасочна улица, што во најмала рака бара почитување на единственото градско наследство.

„Мислам дека веќе никој нема да направи такво нешто“, вели тој.

Можеби ќе ве интересира: