Магазин

Во Радовиш се оддржа дефиле на близнаци

Радовишани организираа дефиле на близнаци родини во оваа општина. Вкупно 220 близнаци од различни возрасти беа дел од манифестацијата која се одржа по радовишките улици, а беше составен дел од одбележувањето на патрониот празник Св Спасо радовишки.

“Најмала возраст, бебиња па до највозрасна категорија пензионери близнаци… Мислам дека имаме вкупно 220 близнаци, парови, тројки, незнам дали четворка имаме. На наше огромно задоволство како Центар за култура, како град, како општина Радовиш ова е еден посебен момент една посебна енергија, бидејќи близнаците како што знаеме се посебен феномен во нашето постоење”, изјавија Изабела Ангелова, дел од организаторите на ова дефиле.

Станува збор за второ дефиле што го организираше Центарот за култура “Ацо Караманов” на иницијатива на близнаците и нивните родители. Ги имаше од сите возрасни граници за да ја презентираат нивната љубов поврзаност.

Организаторите најавија дека следната година ќе организираат дефиле на кое учество ќе земат сите близнаци од цела Македонија.

Можеби ќе ве интересира: