Магазин

Воден молец доби име по латино дивата Лопез

Еден нов вид на морски воден молец кој е откриен во Порторико, деновиве доби име по познатата латино дива Џенифер Лопез. Биологот од Универзитетот на Црна Гора Владимир Пешиќ соопшти дека тимот научници кои работеле на своето истражување, за време на истото за цело време ја слушале музиката на девојката од Бронкс, која исто така е по потекло од Порторико. Поради тоа и во знак на благодарност до познатата пејачка, морскиот воден молец го доби токму нејзиното име.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: