Магазин

Вредна милијарда долари, Лего ќе гради нова фабрика во Виетнам (Фото)

Лего е познат по своите играчки и коцки, а во новата фабрика ќе вложи повеќе од милијарда долари. Новата фабрика ќе се наоѓа во близина на главниот виетнамски бизнис центар под името Хо Ши Мин Сити. Ова ќе биде втората фабрика на данската компанија во Азија откако првично била отворена во Кина пред пет години. Лего во регионот од 2019 година бележи двоцифрен раст.

“Многу сме задоволни поради поддршката од владата на Виетнам која ни помага да ги оствариме своите амбиции и да ја изградиме првата карбонско неутрална фабрика”, рекол еден од директорите на компанијата, Карстен Расмусен.

Изградбата на фабриката ќе започне наредната година, а своите енергетски потреби ќе ги задоволува со помош на соларни панели кои ќе бидат поставени на кровот и на фармата во близина. Производството ќе започне во 2024 година, а ќе бидат вработени повеќе од 4.000 луѓе во наредните 15 години.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....