Хрватската пејачка Северина, реши да ја подржи кампањата за “дарујемо ружичасти живот” (Подаруваме розев живот) која во текот на месец март ќе биде презентирана во Хрватска. Кампањата е во соработка со европската коалиција за борба против рак на дојката и има за цел да ја крене свеста кај хрватите за опасноста од оваа болест.
Меѓу другите познати ѕвезди кои се фотографираа за овој хуманитарен проект е и мега ѕвездата Северина чија фотографија за кампањата осамна денес на нејзиниот фејсбук профил.
Подготви: Дениза Илиеска