Музика на кирилица

Елена Велевска го покажа своето вистинско лице

Промените не се ништо ново кога се жените воопшто во прашање, а камо ли оние од естрадата. За да не и досадат на публиката пејачките секојдневно го менуваат стајлингот, а честопати и изгледот… Од оние, поретките, периодични промени, како што се естетските зафати на лицето, усните, градите, задникот…, па се оние секојдневните. Но, публика е љубопитна и за природното издание на познатите дами, особено изгледот без шминка и фризура.

Елена Велевска важи за една од оние пејачки кај нас која особено внимаваат на себе, својот стајлинг и изглед, па затоа и е една од најпознатите и најпопулани фолкерки. Во текот на својата кариера, кога е изгледот во прашање, таа соработува со проверени стилисти кои се грижат да изгледа модерно и адекватно на нејзиниот сензибилитет како естрадна личност.

Позитивните новитети во животот секогаш ни даваат нова енергија, физички, прихички, па и визуелано, а тоа кај Елена се гледа тоа дури и кога нема настапи, па во овој долг сушен период како да се регенерира, разубавува, па шминка и корекција не и се потребни.

Освежена и одморена, Елена почувствува дека за најновата фотографија на социјалните мрежи нема потреба од шминка и пред своите обожаватели и следбеници покажа како изгледа во сосема природно издание.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: