„Taftalidze Shuffle“ на Влатко Стефановски номиниран за европската награда „Импала“

Единаесеттото издание на наградата „Импала“ за најдобар албум носи 25 номинирани албуми од сите делови на Европа, докажувајќи уште еднаш разновидност на европската независна музичка сцена. Меѓу номинираните, кои беа избрани и оваа година од членовите на РУНДА – Регионално здружение на независни дискографи, е и албумот на Влатко Стефановски – „Taftalidze Shuffle“.

25-те номинирани албуми носат различни музички стилови, од фински поп до француска електроника, преку балканска ска музика, дански блуз, до еклектичен музички израз на номинираните британски изведувачи. Извршниот директор на „Импала“, Хелен Смит, со објавувањето на списокот на номинирани рече: „Оваа година списокот вклучува 25 врвни албуми! Ова е одличен начин да се посочат одлични музичари кои доаѓаат од различни делови на Европа. 2020 година беше тешка година, но оваа листа на номинирани е ветер во грб за добар почеток на 2021 година! “

Заедно со албумот на Стефановски вкупно 5 албуми од регионот се номинари за за европската награда „Импала“: Алејуандро Буендија  – „Škrinja“ (Далас рекордс), Баланс– „Sam pravm“ (КАПА рекордс), „Дубиоза колектив“ – „#fakenews“ (Менарт) и Репетитор – „Prazan prostor među nama koji može i da ne postoji“ (Мунли рекордс).

„Taftalidze Shuffle“ е ново студиско издание на македонскиот виртуоз, а 9-те песни снимени во неговото студио „Езотерија“ сигурно ќе ги израдуваат сите љубители на добрата музика. Овој албум, како и многумина досега, Влатко го посвети на своето Скопје и населбата Тафталиџе, која има посебно место во неговото срце. Песните се крајно интимни и лични, а сепак толку блиски до сите, токму поради сензибилитетот што го носи неговата музика. Авторството на музиката, текстот и аранжманот, како и продукцијата на сите 9 нумери, ги потпишува Влатко.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com