Ања Ветерова ќе студира на “Беркли“

Младата пејачка Ања Ветерова доби 4-гoдишна стипендија од музичкиот колеџ Беркли (Berklee College of Music) еден од најпрестижните факултети на светот за современата музика, кој се наоѓа во Бостон, САД.  Ања на “Беркли“ ќе студира поп аренби, џез пеење, компонирање и продукција. Ања ја доби стипендијата после музичкиот кампус во Валенсија во 2016 година, каде полагаше приемен испит, кој се состоеше од солфеж и пеење на една песна по сопствен избор. Претходно на овој факултет студира и браќата Диран и Гарабет Тавитјан, како и гитаристите Тони Китановски и Владимир Четкар. Подготви: Филип Етмишовски
Повеќе на Музика24...