Асоцијацијата на Евент индустријата бара средба во Владата

Асоцијацијата на Евент индустријата која ги опфаќа фирмите кои се занимаваат со Организација на настани од секаков вид, Рентал компании, Видео, ТВ и филмски продукции, Аудио продукции и Техничка поддршка на настаните.

“Дел од нашите членки постојат повеќе од 25 години на овој пазар, а зад нив стојат најголемите и најважни настани во државата од осамостојувањето до денес. Со забрана за одржување на јавни собири ние сме без можност да остваруваме било каков приход уште од 28 февруари. Ги следиме мерките, следиме новости, гледаме прес конференции, се издвојуваат загроени сектори или сектори кои се со нула приходи, но ниту еднаш не го слушнавме нашиор сектор. Во регионот и во светот, евент индустријата е препознаена, особено како креативна индустрија, и се носат сериозни мерки за нејзина поддршка, која во суштина заедно со туризмот ќе биде најголемиот губитник од пандемијата. Сакаме да напоменеме дека нашите компании се буквално со 0 денари приход на своите сметки. Ние немаме ниту луксуз да остваруваме приход со онлајн нарачки или со шалтерско работење”, велат од асоцијацијата.

Затоа од асоцијацијата бараат итна средба со претставник на Владата на Р. Македонија на која би се разгледале можностите за преживување на индустријата. На средбата би се разгледале можностите и термините за релаксирање на мерките во оваа дејност.

Повеќе на Музика24...