Музика на кирилица

Асоцијацијата на Ивент индустријата стана полноправна членка на LiveCom Alliance

Македонската асоцијација на ивент индустријата (ИВАП) стана полноправна членка на LiveCom Alliance. LiveCom Алијансата е пан-европско здружение кое ја претставува индустријата за live комуникации и настани.

Основана е во 2016 година како непрофитна организација со верба дека индустријата за live комуникации и настани заслужува паневропски пристап. Целта е да се развие индустријата преку размена на локално искуство, инспиративни идеи, најдобри практики и истражување.

Алијансата ги обединува и инспирира членките и им нуди можност да учат едни од други. Денес во LiveCom Алијансата членуваат 11 национални Асоцијации, со повеќе од 750 агенции и компании од Европа и тоа од Шпанија, Италија, Австрија, Швајцарија, Португалија, Холандија, Франција, Германија, Белгија, Турција и Македонија.

“За нас, како млада Асоцијација ова значи поврзување со најдобрите од Европа во нашата дејност и можност за усовршување, поврзување со европскиот пазар, но и усвојување на добрите практики и регулативи”, велат од ИВАП.

Можеби ќе ве интересира: