Музика на кирилица

Авалон продукција започнува со концерти кон средината на април (Фото)

Водечкиот бренд на македонската музичка индустрија, Авалон продукција, кон средината на април ја започнува концертната сезона. После повеќе од 1 година од последниот in-door концерт во Македонска филхармонија, првите концерти во затворен простор според сите протоколи во организација на Авалон продукција ќе се одржуваат исто така во Филхармонија во април и мај.

„Авалон е спремен со низок старт, ние ќе почнеме со концерти со протоколи во Македонската филхармонија, сега кон средината на април. Ќе тераме април и мај, па ќе се префрлиме open-air. Во август ќе се префрлиме во Охрид, а потоа ќе имаме и 2-3 светски проекти во септември во Скопје, без разлика дали со протоколи или не. Тоа се сериозни ѕвезди ама европски, кои што можат директно да долетаат во Скопје од Амстердам, Брисел или Лондон без камиони и турнеи“, изјави во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24, Бобан Милошески од Авалон продукција.

Можеби ќе ве интересира: