“Бебе” од Пајак нов хит на македонската музичка сцена (Фото+Аудио)

“Бебе мое каде си, летам преку граници само да сме ја и ти, еј. Пред мене има планини, ќе ги срушам кажи ми, бебе мирно нани ми…”, ова е само мал дел од една од најновите песни на младиот, а веќе толку познат на македонската музичка сцена, Христијан Настески познат како Пајак. Ова момче ни доаѓа од Охрид и од неодамна е ексклузивец на една од брзо растечките македонски продуценски куќи Урбан Рекордс, зад која стојат и популарниот Таско, Тракер, Иво, Јосиф, Луна…

Многумина ќе речат дека оваа песна и не му стои така добро како и останатите кои Пајак ги промовираше изминатиот период, но напротив, со оваа песна само се докажува дека ова момче е и повеќе од талантирано и дека освен трап песни, во кои секако одлично се пронаоѓа, “Бебе” е токму таа песна во која што освен до израз доаѓаат неговите вокални способности, на површина испливува и фактот дека вакви емотивни балади и те како недостасуваат на нашата музичка сцена, бидејќи и одамна немало песна во која толку многу млади одеднаш ќе се пронајдат.

Веруваме дека сите оние споредби со познати музички имиња од Балканот и светот не се залудни и дека Пајак после концертот кој што го оддржа во Охрид пред своите фанови и одбрана публика, во следниот период ќе имаме прилика, можност и привилегија да слушаме се повеќе и повеќе вакви и слични песни од студиото на Урбан Рекордс.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com