“Кроација рекордс” ќе реиздаде албум на Зафир Хаџиманов (Фото)

Некогашен “Југотон”, а сега “Кроација рекродс” најавува дека наскоро ќе биде промовиран во издание на „Кроација рекродс“ (некогашен “Југотон”) на познатиот македонски пејач, композитор, поет и актер Зафир Хаџиманов, кој долги години живее и работи во Белград, Србија.

“Вработените во “Кроација рекордс” навистина се ефикасни. Веднаш по објавата дека ја добив меѓународната награда “Гоцева мисла” на фондацијата “Македонија презент” од Скопје, одлучија да го реиздадат мојот стар албум “Македонија пјева”, овој пат со додавката “Зафир пјева”. На оваа добро завршена работа пред се и благодарам на една неуморна дама – Наталија Цаиќ. Инаку, песните што се на ова цеде не можат да се најдат веќе никаде, бидејќи ете ние во регионот успеавме и на музиката да и ставиме граници. А јас отсекогаш сакав не само музика туку и живот без граници и без цензура. На овој албум ќе уживате во слободата на поезијата и на музиката”, порачува Зафир Хаџиманов.

“Ова е едно од првите изданија што ги потпишав како главен и одговорен уредник на “Југотон” таа 1986 година. Еве, сега по 35 години овој носач на звук се реиздава во вид на компактна плоча. Станува збор за редок албум на автентичниот Орфеј од земјата на сонцето. Зафир Хаџиманов… Сега, заедно со честитките на реализацијата на неговиот репринт, му посакувам долг живот на ова цеде и Македонија нека пее!”, напиша, меѓу другото, во својата рецензија Синиша Шкарица.

Повеќе на Музика24...