Дани Димитровска ќе настапи со Камерниот оркестар на Битола (Фото)

Како што веќе објавивме Камерниот оркестар на Битола ќе одржи концерт на 4-ти август. Концертот беше првично најавен за Ракометното игралиште во Градскиот парк во Битола, но е преместен во античкиот театар на Хераклеа. На сите концерти на Камерниот оркестар на Битола настапуваат и по неколку вокали. Овој пат тоа ќе бидат Дани Димитровска, Михајло Трајковски – Сак и Жарко Јакимоски.

Влезниците во ограничен број по цена од 300 денари се во продажба од денес 1-ви август од 10:00 до 18:00 часот на билетарата на Центарот за култура – Битола. При купувањето на влезниците и за време на концертот, задолжително е носење на маска.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.