Познатиот музичар Зафир Хаџиманов денеска беше погребан на Новите гробишта во Белград. Последното испраќање на Зафир се одржа во кругот на најтесното семејство и најблиските пријатели. Зафир беше кремиран а урната беше положена во Алејата на заслужните граѓани.
Како што најави неговиот син Васил, по крајот на пандемијата ќе се одржи испраќање какво што му доликува и какво што заслужи Зафир.