ДНК ја промовираа новата “Кога би знаела се” (Видео)

Секогаш оригинални и уникатни момците од ДНК и овој пат во свој стил ги изненадуваат своите фанови, пријатели и вљубеници во модерниот звук, со предобрата “Кога би знаела се”, како и со видео спотот за истата. Композицијата веќе очекувано е на проверениот тандем – Панчо и Лазар Цветковски, односно музиката е заедничка текстот е на Панчо, додека аранжманот е дело на Лазар.

Тука и не завршува целата приказна, која е љубовна и за која видеото е снимено во Чикаго, САД. Ова е всушност прво видео на ДНК кое е снимено надвор од нашите граници, а интересно е и по тоа дека во него Панчо и Андреј ги има во само неколку кадри. Тие се во улога на улични музичари забавувачи, додека околу нив се развива љубовната приказна меѓу боксерот и девојката која работи во теретаната во која тој тренира.

Боксерот ја гледа девојката во која веднаш се вљубува, се запознаваат, ја прашува да излезат. Следува прошетка по шеталиштето во Чикаго, вечера. Токму на вечерата тој и ја покажува поканата за својата прва професионална борба, која е одлична можност да го оствари својот сон. Следува борбата и победата, но боксерот не успева да победи и кога е љубовта во прашање, не успева да ги покаже своите чувства и да и докаже на неа колку му значи.

Главните улоги во видеото, односно вљубениот боксер и неговата девојка ги глумат Горјан Славески – Гого, македонец кој живее во САД каде заминал со цел да го оствари својот боксерски сон, девојката Тина ја глуми Емет Мекговерн Џр, ривал на Гого му е Џозеф Браун, папараци се Силвиа Круз и Давид Бркљач… Тука се и Ненад Инчевски, Џејсон Брендсетер, Вејн Грегори, Сенад Дрпљанин. Кадрите се снимени во Bourbon Cafe – Gregory Boxing and Muay Thai – Pxm Crossfit, на кои целата екипа им е бескрајно благодарна за поддршката.

Мастерингот инаку е на Streaky Video, извршен продуцент е Ненад Инчевски, режисер Nickvisuals, продуцент и асистент на режија Давид Бркљач. Уредник и стилист е Џибри Бел, а шминката е на Џозеф Браун.

Повеќе на Музика24...